Социјална работничка одзела дете оти мајката не сакала да му купи сладолед
Социјална работничка од Лондон обвини една мајка дека на своето дете не сакала да му купила сладолед, па и го одзела момчето.
Првостепениот суд ги прифатил барањата на социјалната работничка, и детето привремено било сместено во старателско семејство. Апелацискиот судија Мостин добил извештај од социјалната работничка на дури 44 страници, и по разгледување на случајот го вратил момчето на неговата биолошка мајка оценувајќи ги наводите на социјалната работничка како лоши и безначајни.
- Мајката во тие 44 страници е воглавно критикувана, но недостасуваат докази и конкретни примери за недостаток на грижа кон детето. Ја замоливме социјалната работничка да го наведе најдобриот пример за запоставувањето на потребите на детето од страна на мајката, на што службеничката одговори дека мајката не му посветувала доволно време на момчето и дека во една прилика не сакала да го одведе на сладолед, гласи образложението на судот.
Ново на Сител
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница