Сочувство од Вселенскиот Патријарх за трагедијата во Кочани
Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, испрати телеграма со сочуство до Претседателката Гордана Силјановска Давкова и до Митрополитот Брегалнички Иларион.
Во продолжение интегралниот текст:
- Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј, дознавајќи за трагичната несреќа што се случи во раните утрински часови во забавен центар во градот Кочани, Северна Македонија, при што животот го загубија 59 лица, а повеќе од 100 беа повредени, испрати сочувствителни пораки до нејзината Екселенција, Претседателката на државата, г-ѓа Гордана Сиљановска-Давкова, како и до надлежниот архиереј, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Неговата Сесветост се моли Семилостивиот Бог да ги упокои душите на жртвите и да им даде сила на нивните семејства, како и за брзо закрепнување на повредените. Исто така, ја изразува својата длабока тага, сочувство и поддршка, како лично, така и од страна на Светата Христова Велика Црква, до народот на Северна Македонија, кој е потресен од оваа трагедија.
Ново на Сител
-
5 години дел од НАТО – членството на Македонија донесе стабилност и оптимизам во регионот
-
Политичарите најчесто шират содржини со штетни наративи
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Преглед на вестите од светот
-
Дел од повредените пациенти се враќаат дома
-
Уште пет пациенти денеска се враќаат во Македонија