Сочувство од Советот на Европа за пожарот во Тетово
Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ, изрази сочувство до Македонија за настраданите во пожарот во модуларната КОВИД болница во Тетово.
– Во име на 47 земји членки на Советот на Европа, генералната секретарка Марија Пејчиновиќ Буриќ изразува сочувство до Македонија за смртоносниот пожар во модуларната КОВИД болница: „Многу сум тажна. Моите мисли одат кон луѓето во Македонија и сите оние кои ги загубија своите најблиски“, се вели во твитот објавен од портпарлот на Советот на Европа Даниел Холтген.
Во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово агинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што информираат од Министерството за здравство, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност.
Ново на Сител
-

Македонски возач протеран од Германија - надминал 3 дена од дозволените во Шенген зоната
-

Андоновски: Не забрана, туку родителска контрола на социјалните мрежи кои ги користат малолетниците
-

Преглед на вестите од светот
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
