Сочувство од Димитриев до италијанскиот премиер Ренци за настраданите од земјотресот
Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев упати телеграма со сочувство до италијанскиот премиер Матео Ренци за настраданите во силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Република Италија.
- Со длабока вознемиреност и жалење ја примив потресната вест за силниот земјотрес што го погоди централниот дел на Вашата држава, од кој животите ги изгубија голем број на Ваши граѓани, а уште повеќе се повредени или останати без своите домови. Во овие исклучително тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на загинатите и повредените граѓани, дозволете ми од името на Владата на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на искрено сочувство, Вам и на семејствата на трагично настраданите, вели Димитриев во телеграмата.
Македонските граѓани, посочува тој, во повеќе наврати имаат претрпено човечки загуби и штети како резултат на природни катастрофи и затоа секој граѓанин на Република Македонија е свесен за трагедијата низ која поминува вашиот народ и искрено сочувствува со граѓаните на Вашата држава.
- Длабоко сум уверен дека меѓународната хуманост и солидарност, што многу пати досега се демонстрирани на дело, и сега ќе помогнат во ублажување на страдањата и последиците од оваа голема несреќа која и се случи на вашата држава, се вели во телеграмата на Димитриев до италијанскиот премиер Ренци.
Ново на Сител
-
Приведени две лица од Неготино, одзеле 30.000 евра од дом на брачен пар
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција
-
78-годишен пешак прегазен во Битола
-
Кривична за гостиварчанез за семејно насилство
-
Совети за очниот притисок и негово регулирање
-
Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк
-
Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак