Собраниската Комисија за надворешна политика ќе биде дополнително закажана
Собраниската Комисија за надворешна политика не ја одржа денешната седница. Одложување побара Артан Груби од ДУИ откако реагираше дека материјалите на албански јазик не биле доставени навреме.
Груби, како што рече, преводите за дневниот ред ги добил вчера, а не пет дена пред одржувањето на седницата како што е предвидено со Деловникот.
На седницата не присуствуваше министерот за надворешни работи Никола Попоски кој требаше да има експозе. Како што информира потпретседателката на Комисијата Светлана Карапетрова од ВМРО-ДПМНЕ, Попоски беше отсутен поради службени обврски.
На дневен ред на седницата, покрај излагањето на Попоски, беше и Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу македонската Влада и Владата на Кралството Данска за поттикнување и заемна заштита на инвестиции.
Седницата, рече Карапетрова, ќе биде дополнително закажана откако ќе бидат обезбедени услови за нејзино одржување.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања