-->
-->
Собраниска делегација на работилница во Братислава
-->
Пратеничките Ане Лашковска и Ивана Туфегџиќ од утре во Братислава ќе учествуваат на работилница „Транспарентност и парламентарна соработка со граѓанското општество", соопшти Собранието на Република Македонија.
Работилницата е во организација на Националниот демократски институт за меѓународни односи и Националниот совет на Словачка и е во функција на создавање отворен и транспарентен парламент со цел подобар законодавен процес.
- На работилницата, пратеничките ќе разменат искуства со своите колеги од регионот, со колегите од парламентот на Република Словачка, како и со бројни претставници од различни институции на Европската унија и претставници на меѓународни граѓански организации, информира Собранието на РМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија