Собраниска делегација на 25-годишна сесија на ПС на ОБСЕ

Делегација на македонското Собрание предводена од пратеникот Владимир Ѓорчев, член на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на ОБСЕ, од утре до 5-ти јули ќе учествува на 25-годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Тбилиси, Грузија.
На сесијата се очекува учество на околу 300 пратеници од 57 земји учеснички и партнери за соработка на ОБСЕ.
Главна тема за дискусија на сесијата е „25 години парламентарна соработка: градење на доверба преку дијалог“, со којашто Парламентарното собрание на ОБСЕ ќе одбележи четврт век од своето постоење, се наведува во соопштението на Собранието.
Во рамки на годишната сесија седници ќе одржат комисиите за политички прашања и безбедност, за економски прашања, наука, технологија и човекова околина и за демократија, човекови права и хуманитарни прашања, седница на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на ОБСЕ, пленарна седница и други придружни настани.
На агендата, како што е најавено, се вклучени прашања во врска со борбата против корупцијата, правата на бегалците, кризата во и околу Украина, долготрајните конфликти во Грузија, основните слободи во Крим, неонацизмот во Европа, укинувањето на санкциите против пратениците, зацврстување на механизмите за рано предупредување на ОБСЕ и други.
Пред пратениците на Годишната сесија на ПС на ОБСЕ ќе се обратат претседателот на Парламентот на Грузија Давид Усупашвили, претседателот на Грузија Ѓорѓи Маргвелашвили, премиерот на Грузија Ѓорѓи Квирикашвили, министерот за надворешни работи на СР Германија и претседавач со ОБСЕ Франк-Валтер Штајнмаер, претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Илка Канерва и др.
На седницата на Постојаниот комитет е предвидено обраќање на Ѓорчев во врска со Есенската сесија на ПС на ОБСЕ, што ќе се одржи од 29 септември до 2 октомври 2016 година во Скопје. Во функција на подготовка на претстојната Есенска сесија, предвидено е Делегацијата да одржи состаноци со претставници на Бирото и на Меѓународниот секретаријат на ПС на ОБСЕ.
Се очекува на сесијата да биде усвоена „Декларација од Тбилиси“ со препораки за широк спектар на прашања во полето на политиката, економијата, животната средина и човековите права, упатени до ОБСЕ и земјите учеснички.
Парламентарното собрание на ОБСЕ го сочинуваат 323 парламентарци од 57 земји од Европа, Централна Азија и Северна Америка. Собранието обезбедува форум за парламентарна дипломатија, набљудување на избори и зацврстување на меѓународната соработка за исполнување на заложбите во врска политичките, безбедносните, економските прашања, прашањата за човековите и права и животната средина.
Ново на Сител
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
-

Обвинителството бара притвор за Ива Михаилова
-

Бензините и дизелот остануваат со исти цени, поскапува само мазутот
-

ДЗС: Чекор напред - со меѓународната соработка кон посилни институции и побезбедна иднина и при заштита и спасување при катастрофи
