Собранието в среда ќе гласа за член на ДИК и за Законот за игрите на среќа и за забавните игри
Собранието в среда во рамки на 145. седница се очекува да избере нов член на Државната изборна комисија (ДИК). Според информации на МИА, предлогот Абдуш Демири да биде седмиот член на највисокото изборно тело во земјата би можел да добие поддршка од повеќе од 80 пратеници, иако за да се изгласа е потребно двотретинско мнозинство.
Партиски избори за МИА велат дека се очекува за Демири да не гласаат пратениците од ДУИ и од крилото на Зијадин Села од Алијанса на Аланците, додека СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалиции и албанската опозиција ќе го поддржат.
По неколкумесечни препирки за тоа која партија на Албанците да има свој член на ДИК, Демири остана единствен кандидат откако Зулфи Адили од АА се повлече бидејќи беше именуван за директор на Агенцијата за странски инвестиции.
Абдуш Демири доаѓа од Беса и е предлог поддржан од партиите од албанската опозиција. Доколку биде изгласан, на помалку од три месеци ќе биде комплеиран составот на ДИК. Комисијата е повеќе од една година без еден член бидејќи Кренар Лога стана министер за правда.
На дневен ред на 145. седница што е закажана за среда 28 февруари во 11 часот, е исто така Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри - Трето читање. Законот е ставен повторно на дневен ред, откако претседателот Стево Пендаровски не го потпиша указот за него. За да се изгласа овој закон, на парламентарното мнозинство ќе му биде потребен 61 глас.
Засега, меѓу другите, на дневен ред на оваа седница е и Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Северна Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
-
Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата
-
Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина
-
Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот!
-
Манев: Со солзи во очите ја закопав Вања откако Палевски со пиштол и перниче во раката и испука куршум
-
Приведен лихвар од Куманово
-
Две жени од Кавадарци и Неготино пријавиле физички напад и закана од сопрузите
-
Песков: Не ја исклучуваме можноста Трамп и Путин наскоро да разговараат