Собранието треба да ја продолжи 62. седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 62. седница со расправата по Дополнетиот предлог на закон за национална база на податоци за лица со инвалидност, во второ читање.
Како точка на дневен ред е ставен и Дополнетиот предлог на закон за престанување на важење на Законот за определување на услов за ограничување за вршење на јавна функција, пристап на документи и објавување на соработката со органите на државната безбедност во второ читање поднесен од Илија Димовски, Талат Џафери, Рафис Аљити и Антонио Милошоски.
Во прво читање ќе бидат разгледани измените на Законот за договорите за превоз во патниот сообраќај, на Законот за архивски материјал и измените на Предлог законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење.
Пратениците ќе расправаат и за поголем број закони во скратена постапка од областа на финансиите, образованието, екологијата, транспортот, социјалата.....
Вчера Собранието на Република Мкаедонија во рамки на оваа 62 седница го донесе ребалансот на Буџетот за 2015 година.
Ново на Сител
-

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите - поголеми придонеси не се решение
-

Се уште нема потврда за средба од Софија, Мицкоски вели дека очекува средба на коњопој
-

Фехми Стафа тврди дека признал вина под притисок
-

Насилството кое децата го премолчуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска Давкова: не се оди надвор без да се постигне консензус дома
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Нови апсења поврзани со проневера во „Државна лотарија“
