Собранието расправа за состојбата со поплавите во скопско
Собранието на Република Македонија со едноминутно молчење во знак на почит за загинатите во невремето и поплавите, ја започна денешната седница со единствена точка Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје.
Седницата се одржува на предлог на пратеничката група на СДСМ, а нејзиното одржување беше поддржано и од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Владата до Собранието испрати Извештај за активностите на Системот за управување со кризи, во врска со Одлуката за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на врнежи и поплави на дел од територијата на Република Македонија и преземените активности од надлежните институции во подрачјата опфатени со поплавите.
Во невремето загинаа 22 лица, а беа поплавени неколу скопски населени места главно во општина Гази Баба, но и во други скопски општини. Причинета е голема материјална штета.
Ново на Сител
-
САД ги разгледуваат правилата за ограничување или забрана на кинеските дронови
-
Македонски државјанин пронајден мртов во Италија
-
Утре седница на собраниската Комисија за избори и именувања, на 10 јануари пленарна седница
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно