Собранието попладнево доби тројца нови пратеници
Собранието попладнево доби тројца нови пратеници Бедрик Фазлиу од ДУИ и Драгица Ѓавочанова и Зекир Рамчиловиќ од Коалицијата на СДСМ на местото на Флорим Бесими од ДУИ и Зоран Заев и Љупчо Николовски од СДСМ.
Заев и Николовски како и шестмина други пратеници попладнево и вечерва поднесуваат оставки во Собранието бидејќи се најавени како дел од новиот владин кабинет.
Оставките и верификацијата на новите мандати се прави на посебни седници поради тенкото мнозинство на власта од 62 пратеници, кое мора постојно да се одржува за верификацијата на мандатите на новите пратеници.
Процедурата се одолжува и поради тоа што се чекаат извештаи од ДИК и Собраниската верификациона комисија за тоа кои се наследниците на народните избраници што поднесуваат оставки.
Во моментот се чека наследникот на пратеничката Радмила Шекеринска чија оставка беше констатирана пред малку.
Претходно пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти работата на Парламентот за овие точки на дневен ред со образложение дека верификацијата на мандатите на новите пратеници треба да ја прави Комисијата за мандатно имунитетни работи, а не Верификационата комисија чиј мандат престанал со конститутивната седница.
Ново на Сител
-

Ерусалимското платно - порта до светата земја и Христијанството
-

Мицкоски: Очекуваме дизелот да поевтини за 2,5 , а бензините за 1,5 денари
-

Уапсено лице од Делчево, во неговиот дом пронајдени четири различни видови на дрога
-

Велика Сабота - ден меѓу смртта и воскресението
-

Астронаутите од „Артемис II“ безбедно слетаа на Земјата по летот околу Месечината | ВИДЕО
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден
-

Преговорите меѓу САД и Иран започнуваат во Пакистан
-

Од попладне стапува на сила 32-часовно примирје меѓу Русија и Украина
