Македонија
2. March 2021 - 19:41

Собранието почна со работа, координаторот на ДУИ се појави во салата

По три недели без седница, пратениците повторно седнаа во собраниските клупи. Но, и денеска големата сала остана полупразна. Се уште недостасуваа голем дел од народните избраници од владејачкото мнозинство. Се работи за продолженија на неколку седници од октомври и ноември, па не е потребно присуство на најмалку 61 пратеник. 

Сепак, во салата на дел од седницата бил присутен и координаторот на ДУИ Изет Меџити кој подолго време не доаѓаше поради внатрепартиски разлики. Според собраниските служби денеска не бил пријавен за отсутен ниту еден пратеник на интегративците.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека и покрај тоа, парламентот е нефункцинален поради тенкото мнозинство на власта. Бараат нова седница од која ќе се види точната бројка.

И албанската опозиција смета дека Собранието не работи добро, ќе поддржат гласање за недоверба на Владата.

Од власта пак, тврдат опозцијата ја блокира работата на парламентот.