Собранието обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“

Собранието вечерва е обоено во портокалова боја по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.
- Сакам да истакнам дека овој чин не е само визуелен симбол, туку јасна и моќна порака дека највисокaта претставничка институција е решена да биде на страната на секоја жена и девојка и не толерира насилство под никакви околности. Нека портокаловата светлина послужи како повик за размислување, а заедно со оваа светлина да се разбуди и надежта за општество каде секоја жена и секоја девојка живее без страв, почитувана и заштитена, напиша на Фејсбук претседателот на Собранието Африм Гаши.
Генералната секретарка на Парламентот Марина Димовска потенцира дека овој чин не е само симболика - тоа е јасна порака дека Собранието стои на страната на секоја жена и девојка и не толерира никакаква форма на насилство.
- Заеднички да градиме општество во кое секоја жена живее без страв, почитувана и заштитена, потенцира Димовска.
МИА
Ново на Сител
-

Македонското јаболко се бара во Србија, Бугарија, Чешка, Косово и Албанија
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Во политичката криза темата за Македонија не е приоритет за Бугарија
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Софија
-

Се подготвува извештајот до УНЕСКО
-

Филипче на средба со коалиционите партнери
-

Бугарија пред нови избори
-

53-годишна жена од гостиварско киднапирана, па убиена и закопана во с. Неготино
