Собранието неделава ќе одлучува за новите мерки за заштита против Ковид-19
Предлог-мерките за заштита од Ковид-19, како што е задолжително носење маски на отворено, забрането групирање по 22 часот на јавни места за повеќе од четворица и забрана за поголеми семејни собири се веќе доставени во Собранието. Се очекува оваа недела пратениците да ги изгласаат потребните измени во Законот за заштита од заразни болести, и истите да се реализираат.
Министерот за здравство, Венко Филипче, појасни дека очекува оваа недела да се изврши амандманска интервенција во законот и дека за кратко време овие мерки да бидат донесени.
-Со амандманска интервенција практично ќе имаме можност веќе следната недела да интервенираме во самата постапка и законот верувам дека за кратко време со оглед на тоа што е донесен да биде по скратена постапка, дека ќе се реализира. Се изнуди таква ситуација да мора да се интервенира во законот поради тоа што дел од уредбите, препораките за носење на заштитна опрема во надворешна средина се ставени во Уредбата со законска сила којашто беше изгласана и донесена на крајот на вонредната состојба, изјави викендов Филипче.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцира дека опозицијата не била консултирана за мерките.
Сепак, како што рече, како опозиција тука се со целиот свој потенцијал да помогнат на граѓаните и на се што е во насока на борба против Ковид-19.
-Тука сме, стоиме на располагање со сиот свој потенцијал како политичка партија, како опозиција да им помогнеме на граѓаните, па дури и да соработуваме со оние незнајковци од политичката комисија за заразни болести на СДСМ и Зоран Заев. Нека ми каже некој кои се тие мерки јас не ги знам тие мерки, каков е тој закон ?! Па еве носиме маска, тоа се мерки коишто веќе постојат, не треба сега ново гласање, ако треба еве ќе ги поддржиме за маска на отворено, изјави Мицкоски.
Поради зголемениот број на случаи на Ковид-19 изминатите денови Комисијата за заразни болести излезе со нови предлог-мерки кои денеска ќе ги предложи до Владата со очекување истите да бидат прифатени.
Ограничување на работното време на ресторани, кафулиња, сендвичари, пекари до 23 часот, преполовување на капацитетот на јавниот превоз, како и забрана за настани се новите предлог-мерки на Комисијата. Засега не се размислува за воведување на полициски час.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 428 случаи на Ковид-19. Оздравени се 128 пациенти, а починаа десет лица.
Според извештајот на Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23628, а оздравени се вкупно 17239 пациенти. Починати се 834 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555.
Најмногу активни случаи има во Скопје – 2655 и Куманово – 218.
Ново на Сител
-
Кулминација на конфликтите меѓу САД и Кина: студенти, компании, минерали, чипови
-
Лавров и Рубио разговараа за Украина во пресрет на денешната рунда мировни преговори во Истанбул
-
Русија ноќеска соборила 162 украински дронови
-
Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели, ФБИ смета дека е терористички чин | ВИДЕО
-
Аналена Бербок денеска се избира за претседателка на Генералното собрание на ОН
-
Алкараз победи на 100 натпревари во 119 натпревари на земја - само Надал го направи тоа побрзо
-
Приведени дрвокрадци од скопско | ФОТО
-
Влада: Оперативниот план за вработување за 2025 година зголемен за 7,5 милиони евра