Собранието не ги прифати предлог измените на Законот за енегетика

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 74. седница со 30 гласови „за“, 41 против и ниту еден воздржан го отфрли предлогот на пратениците Лилјана Поповска и Павле Трајанов за измена на Законот за енегетика по скратена постапка кој предвидуваше граѓаните кои не користат парно, односно го откажале греењето, да не плаќаат надомест.
- Законското решение е сосема јасно бидејќи граѓаните се обврзани со некакви правила на Регулаторната комисија за енергетика да плаќаат за енергија во домовите што не ја користат. Апсурдно е некој да плаќа за услуга што ја откажал. Ваквата пракса од поано треба да престане зашто сме веќе пазарна економија, истакна Трајанов, образложувајќи ги измените.
По гласањето, реагираше Роза Топузовска Каровска со забелешка дека „не е чесно Трајанов да поднесува вакво решение сега, по дури четири години откако битката за овој проблем е почната“.
- Битката против монополот на БЕГ, да не се плаќа за нешто што не се користи беше одамна почната. Не е чесно после четири години да се поднесе ваков предлог, укажа Топузовска Каровска.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството на СДСМ и ДУИ ги штити криминалците
-

Дизелот во САД достигна нова рекордна цена
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
-

Рамадан Шерифи му го посвети голот на трагично загинатиот соиграч Даниел Николовски
-

Патничка се соблекла за време на лет, полицијата ја привела по слетување во Мајами
-

Жена во Холандија уапсена поради нарачување убиство преку дарк веб
