Собранието ќе одржи продолженија на три седници
Собранието денеска ќе одржи продолженија на три седници.
На дневен ред на продолжението на 60-та седница меѓу останатите точки е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување на Законот за стоковите резерви, по скратена постапка.
На оваа седница е и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка.
Пред пратениците на продолжението на 62-та седница е Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество вo меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.
На дневен ред на оваа седница е и Предлог на закон за иновациска дејност, научно-технолошки развој и претприемништво, по скратена постапка, додека на 63-та седница е Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.
МИА
Ново на Сител
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка