-->
-->
Собранието ќе ја продолжи петтата седница
-->

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која како последна точка на дневен ред е изборот на заменици - министри на Владата.
Оваа точка по барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вчера беше поместена како последна на седницата со цел пратениците да имаат повеќе време да се подготват за дебата.
Пред да расправаат за изборот на заменици - министри, пратениците во македонското Собрание ќе ги разгледаат годишните извештаи на неколку институции, а ќе дебатираат и за граѓанската иницијатива за донесување на закон за изменување на Законот за работни односи со која се бара продолжување на породилното отсуство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
-

МВР: Нема дојави за бомби во кој било трговски центар во Скопје
-

Вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, уапсени две лица
-

Калас: Администрацијата на Трамп не сака силна Европска Унија
-

ОЈО бара притвор за осомничениот за убиството на 18-годишното момче од Бојане
-

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје
