Собранието ќе ја продолжи 84. седница
Собранието денеска напладне ќе ја продолжи 84-та седница, на чиј дневен ред се поголем број измени и дополнувања на закони од повеќе области.
Пред пратениците се измените и дополнувањата на Законот за градење и Предлог-законот за задолжување со заем кај Европската инвестициона банка по финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините, двата по скратена постапка.
Собранието треба да расправа и по Предлог-законот за изменување на Законот за спортска академија, Предлог-законот за установите за средно образование на верските заедници и Предлог-законот за дополнување на Законот за возила. На дневен ред се и повеќе предлог-ратификации.
Пратениците вчера едногласно, со 75 гласа „за“, ја донесоа одлуката за испраќање припадник на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Република Либан.
Со 62 гласа „за“, без воздржани и без ниту еден глас против, Собранието ја донесе и Одлуката за објавување јавен оглас за именување на членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
По барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вчера не беше разгледан и Дополнетиот предлог на закон за буџети затоа што во исто време имаше закажано седница на Комисијата за финасирање и буџет.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
