Македонија
29. December 2015 - 9:14

Собранието ќе ја продолжи 80.седница

Во Собранието на Република Македонија за денеска напладне е закажано петтото продолжение на 80-тата седница. Пратениците треба да гласаат по два предлог-закона за дополнување на Законот за енергетика во прво читање - едниот поднесен од пратеничките групи на СДСМ, НСДП и ЛДП, а вториот од  пратениците Павле Трајанов и Лилјана Поповска.

Расправата по предлозите заврши вчера попладне. Се бара укинување на обврската исклучените од парно да плаќаат фиксен надомест за ангажирана моќност. 

На дневен ред на 80-тата седницата се и: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Предлог на закон за дополнување на Законот за платите на судиите и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители - сите по скратена постапка. 

Во Парламентот денеска седници ќе одржат и пет комисии - за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците, за економски прашања, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.