Собранието ќе ја продолжи 80.седница
Во Собранието на Република Македонија за денеска напладне е закажано петтото продолжение на 80-тата седница. Пратениците треба да гласаат по два предлог-закона за дополнување на Законот за енергетика во прво читање - едниот поднесен од пратеничките групи на СДСМ, НСДП и ЛДП, а вториот од пратениците Павле Трајанов и Лилјана Поповска.
Расправата по предлозите заврши вчера попладне. Се бара укинување на обврската исклучените од парно да плаќаат фиксен надомест за ангажирана моќност.
На дневен ред на 80-тата седницата се и: Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Предлог на закон за дополнување на Законот за платите на судиите и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители - сите по скратена постапка.
Во Парламентот денеска седници ќе одржат и пет комисии - за образование, наука и спорт, за политички систем и односи меѓу заедниците, за економски прашања, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.
Ново на Сител
-
Хамас: Нападот во Катар не ги менува нашите услови за завршување на војната во Газа
-
Вонреден инспекциски надзор на депонијата „Дрисла“
-
Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“
-
Лавров: Израелскиот напад врз Катар ја дестабилизира ситуацијата на Блискиот Исток
-
Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата
-
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во нивните дворови | ФОТО
-
Мицкоски: Убеден сум дека Фетаи ќе се извини, се труди да го научи македонскиот јазик
-
Туск со предупредување до Полјаците: Не подлегнувајте на руски дезинформации