Собранието ќе ја почне 120. седница, а ќе се гласа и за закони од други седници
Собранието денеска ќе ја почне 120. седница на која на дневен ред се 24 точки за расправа. За денеска се закажани и продолженија на 71., 103., 111. 115. и 117 седница, на кои се очекува да се гласа за закони за кои веќе е завршена општата расправа.
На 120. седница се предлозите за именување директор на Агенцијата за администрација, за избор на член на Советот на јавни обвинители и претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување на комунален отпад, како и годишните извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување и за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2022 година.
На дневен ред се и Фискална стратегија на Република Северна Македонија за 2024-2028, Предлог на завршна сметка на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година, Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија зa меѓународен воден транспорт во Oхридското Езеро, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка, поднесен од пратениците Бојан Стојаноски, Никола Мицевски, Бети Стаменкоска Трајкоска, Лидија Петкоска, Александар Велјановски, Александар Николовски, Ангелинка Петкова, Тони Јаревски, Олга Лозановска, Јадранка Поцкова, Дајанчо Ефтимов и Дафина Стојаноска. На дневен ред се и други закони и предлози од Владата и од пратениците.
Ново на Сител
-
Јон Фрчкоски: За грешките од минатото не се гордеам но нема да бидат товар за СДСМ, се повлекувам од позицијата во партијата
-
Дали тоа што го користи Јон Фрчкоски е кокаин, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ
-
674 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава
-
Вработен во УЈП му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола
-
ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик
-
Црвен крст: Исплатена помош на 58 семејства на починатите и на 99 на повредените лица во пожарот во Кочани
-
„Фич“: Кредибилните и конзистентни политики ја поддржуваат стабилноста на денарот и кредитниот рејтинг на земјата
-
УСС УКИМ апелира за подобрување на безбедноста во студентските домови и објектите на универзитетот