Собранието ќе ја одржи 74. седница
Собранието на Република Мкаедонија денеска треба да ја одржи 74. седница на чиј дневен ред, меѓу другото се неколку законски решенија по скратена постапка.
Пратениците треба да ги разгледаат предлог законите за изменување на законите за придонеси од задолжително социјално осигурување, пензиското и инвалидското осигурување, за здравственото осигурување, за безбедност на храната, за учебници за основно и средно образование, на Законот за управување со кризи..., сите по скратена постапка.
На дневен ред на седницата се и Предлог законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Предлог законот за пробација, Предлог законот за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование... во прво читање.
Македонското собрание треба да расправа и по Предлог на закон за амнестија, поднесен од пратениците Павле Трајанов, Лилјана Поповска, Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година, 26 . Информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија поднесен од повеќе пратеници.
Пратениците ќе расправаат и по Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за поттикнување и взаемна заштита на инвестиции.
Ново на Сител
-
Малолетник се шетал со нож низ Чаир, полицијата го приведе
-
Приведено 33-годишно лице во Штип поради кражба
-
Градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ ќе поднесе оставка
-
Од утре дожд, на некои места пороен
-
Невреме и поплави во Италија
-
Во Битола пронајдено починато 46-годишно лице во куќа
-
Сиљановска-Давкова: Молкот го отвори патот за злото – мора да учиме од историјата
-
Српскиот премиер Вучевиќ ќе поднесе оставка