Собранието ќе ја одржи 131. седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 131. седница, на чиј дневен ред се поголем број измени и дополнувања на закони од повеќе области.
Како што е најавено, пратениците ќе расправаат за Предлогот за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за Предлог-одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во мировната операција на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.
На дневен ред се и Предлог-одлуките за испраќање припадници на Армијата за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан, за учество во мировната операција „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, за учество во мировната операција на Организацијата на Обединетите Нации „УНИФИЛ” во Република Либан.
На агендата на 131. седница се и Предлог-законот за ратификација на Минамата Конвенција за жива,
Предлог-законот за ратификација на Амандманот кон Монтреалскиот протокол за сустанциите што ја осиромашуваат озонската обвивка, Предлог-законот за управување со движењето на предметите во судовите, по скратена постапка…
Пратениците ќе дискутираат и за измените и дополнувањата на Законот за преземање на акционерските друштва, во второ читање, за Законот за снабдување со вода за пиење и одведување на урбани отпадни води, по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Парламентот на Јужна Кореја му изгласа импичмент на претседателот Јун Сук-Јеол
-
Влада: Осум странски инвестиции, се работи посветено на економскиот напредок на државата и отворање нови работни места
-
Вучиќ: САД за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија
-
Земјотрес во Косово почувствуван и во Македонија
-
Израелската војска соопшти дека нападнала команден штаб на Хамас, сместен во училиште
-
Русија го блокира Вибер
-
Сириските Курди тврдат дека нема преговори меѓу СДФ и новата влада во Дамаск
-
Магла на Ѓавато и Плетвар