Собранието ја продолжи 126 седница
Собранието денеска ја продолжи 126. седница која на дневен ред има 125. точки, но досега претиниците не завршија ниту една од нив. Причина за тоа е немањето кворум, но и бројот на пријавени за збор, кои најчесто се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците од нешто по 11:30 часот до 14:00 часот дебатираат за Предлогот за именување на директор и на заменик на директорот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.
Опозицијата спореше со предлогот за директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер да биде Пламенка Бојчева, а за нејзин заменик Блерим Исени. Но, дебатата, која се одвиваше во полупразна сала, на моменти беше надвор од дневниот ред.
– Македонија стана мафијашка држава. Тука редовно се пука. Шарената револуција стана шарена манипулација, меѓу другото, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ во една од своите реплики.
За предлогот Бојчева да биде директор на Агенцијата, Ѓорчев рече дека таа е активист од Општинскиот огранок на СДСМ во Аеродром, обвинувајќи за партизација на институциите.
На ова возвратија пратениците од СДСМ кои отфлија тврдењата за партизација.
– Јас не сум овде некој да бранам или да го напаѓам. Јас го читам тоа што го пишува во Си-Ви-то дека разговараме за дипломиран правник со положен правосуден испит, кој работел во Македонски пошти, дека работела во ДИК итн, рече Диме Велковски од СДСМ.
Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски констатира дека Агенцијата веќе три години не ја врши својата дејноста онака како што се очекувало од неа. Според него, транспаретноста и отвореноста на функционерите на СДСМ е многу мала, а за возврат „фабриката за лаги“ на Владата е пуштена на најјако.
Пратеникот Велковски во репликата истакна дека парламентарното мнозинство се залага за отвореност на институциите и пристап на граѓаните до информациите што нив ги интересираат.
Пратеникот Самка Ибраимовски од собраниската говорница ја осуди блокадата на носењето на законите од страна на опозицијата и рече дека ќе бара од премиерот одлагање на изборите, додека не се донесат одредени закони во Парламентот.
– Ова е дискусија со изгубен компас, рече Ибраимовски.
Седницата треба да продолжи по редовната пауза од еден час.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец