Собранието ја избра новата Влада
Собранието на Република Македонија вечерва со 72 гласа „за“, девет воздржани и ниту еден против, ја избра новата Влада.
Организирање фер и демократски избори на кои граѓаните ќе одлучат кому ќе ја дадат својата доверба, продолжување на политиките за обезбедување на нивната иднина и вклучување во нов циклус кој ќе изобилува со позитивна енергија и пристап се дел од целите на кои во своето експозе посочи мандатарот Емил Димитриев.
- Граѓаните се тие кои одлучуваат, а ние треба и ќе продолжиме да работиме за нив, за нашата земја Македонија и за нашата заедничка иднина. Ние ја имаме одговорноста пред граѓаните, и во вакви сложени времиња, не отстапуваме, продолжуваме одговорно, достоинствено, со чесна намера, и во интерес на граѓаните и на Република Македонија, рече Димитриев.
Имаме историска одговорност, додаде, сите ние да се вклучиме во еден нов почеток, во еден нов циклус кој ќе изобилува со позитивна енергија и пристап.
Граѓаните, рече Димитриев, од нас очекуваат одлуки и обезбедување на нивната иднина и наша обврска е тоа да им го овозможиме.
По изборот членовите на Владата дадоа свечени изјави.
Иако беа предложени од мандатарот на седницата не присуствуваа министрите од опозицијата за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ташевска Ременски.
Во продолжение на вечерашната седница ќе бидат избрани и замениците министри во новата, техничка влада која предводи Емил Димитриев.
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство