Собранието го изгласа намалувањето на ДДВ за струјата
Собранието даде зелено светло за намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 проценти. Сите 83 пратеници гласаа ЗА законските измени. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ иако даде поддршка, обивни дека мерката е предизборна и дека следната година граѓаните ќе имаат поскапа струја.
Од власта пак возвратија дека прв пат се случува да има намалување на данокот за струја.
Од РКЕ ја поздравија искажаната политичка волја со која се прифати намалувањето на ДДВ то. Апелираат сега фокусот да биде проширување на листата на ранливите категории кои ќе бидат помогнати да ги подмируваат фактурите за струја.
И покрај тоа што поминаа законските измени, ДДВ ќе биде 5 отсто откако ќе влезе во службен весник. Тоа значи дека на граѓаните за претходниот период ќе им се пресмета повисока цена без намален данок. Инаку ДДВ то ќе биде 5 отсто до први јули догодина, кога и се очекува да се зголеми на 10 проценти, а веќе од 2023 ќе се врати на 18 отсто.
-

Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
