Собранието го изгласа буџетот на Специјалното обвинителство

Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 71. седница едногласно и без дебата го одобри буџетот за работа на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Според образложението на Предлог- одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетски корисници се предлага реалокација на средствата во рамки на планираните средства со Буџетот на Република Македонија за 2015 година, со цел обезбедување на финансиски средства за реализација на Финансискиот план на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.
Согласно Финансовиот план, средствата во износ од 63.420.428 денари се наменети за непречено работење и автономно функционирање на Специјалното обвинителство за последниот квартал од 2015 година.
Финансиските средства на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите се наменети за исплата на средства за плати и надоместоци на јавните обвинители, плати и надоместоци на вработените во јавно обвинителската стручна служба, средства за набавка на стоки и услуги, трошоци за време на постапките, вклучувајќи и средства за советувања и мислења од експерти, средства за професионално унапредување, средства за одржување на просториите и опремата, како и капитални инвестиции на Јавното обвинителство.
На дневниот ред на 71. седница се вкупно 118 точки, од нив најголем број во второ читање, а 12 во прво читање. По предлог на Владата на РМ дневниот ред е дополнет со девет закони кои ќе се носат по скратена постапка, меѓу кои и за задолжувања на Република Македонија за финансирање на проектот „Гасификација“ на РМ прва фаза, потоа за патната делница Штип-Радовиш, како и измени и дополнување на законите за гаранција на РМ на обврските по договорите за заем за финансирање на програмата за национални патишта и на проектот за надградба и развој на патишта кои ќе бидат склучени меѓу ЕБОР и ЈП за државни патишта, односно Светска Банка и ЈП за Државни патишта.
Седницата по редовната пауза ќе ја продолжи расправата по точката за именувањето на претседател и член на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Подвиг за незаборав - Владо Деловски се искачи на планината каде пред години го загуби својот татко
-

Државни и воени делегации оддадоа почит на загинатите бранители во касарната „Илинден“
-

Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, приведен кавадарчанец во алкохолизирана состојба
-

Приведен 18-годишник, осомничен за грабеж на накит од 70-годишна скопјанка
-

Поголем дел од државава со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари
-

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото
-

Мисајловски: Храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации
-

Пронајдени марихуана и кокаин во Штип, приведени три лица | ФОТО
