Собранието ги донесе законите за здолжување на државата кај ММФ и Светската банка
– Собранието попладнево ги донесе законите за задолжување на земјава кај Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) со кредитна линија за претпазливост и ликвидност и за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии. И двата закони беа донесени по скратена постапка.
Пред редовната паузата до 15:30 часот пратениците дебатираа за Предлог законот за задолжување на земјава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, по скратена постапка.
Со кредитната линија за претпазливост и ликвидност од ММФ за поддршка на државниот Буџет треба да се обезбедат 530 милиони евра. Целта на кредитната линија е да обезбеди ефективна заштита од криза за оние земји членки на ММФ кои имаат здрави економски основи, односно политики.
Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ истакна дека тие ќе гласаат воздржано за овој задолжување. Стојановски реле дека со ова задолжување повторно се зголемува долгот на земјата. – Вакви кредити од ММФ земаат само Мароко, Панама и Македонија, рече Стојановски, кој ја обвини власта дека ништо не направила за граѓаните додека се на власт. Пратеникот повика на одржување парламентарни избор како излез од ситуацијата.
Пратеникот Панчо Минов му реплицираше на Стојановски посочувајќи дека сумата од 530 милиони евра е вкупна рамка на можни повлекувања на средства, додека првичните рамка е 84 милиони, додека 181 наредниот пат по првиот преглед за реализација на средствата од страна на ММФ. – Другите пари се резерва, рече Минов.
Во расправата за Предлог законот за задолжување на земјава со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење на ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, по скратена постапка се вклучија, главно, пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои ја критикуваа работата на Владата.
За Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, пак, се планирани 24,9 милиони евра, од кои заем од Светска банка во износ од 20 милиони евра и 4,9 милиони евра грант од ЕУ кој ќе се администрира преку СБ. Проектот ќе се имплементира преку Единица за управување со проектот, која ќе биде формирана во Министерството за финансии.
По завршување на 92. седница, Собранието ја продолжи 88. пленарна седница.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција