Собранието ги донесе законите за нотаријатот и за извршување

Собранието на Република Македонија на попладневното продолжение на 98. седница ги донесе Законот за нотаријатот и Законот за извршување.
Од големиот број амандмани поднесени на Дополнетиот предлог на законот за нотаријат беа прифатени само два амандмана поднесени од владејачкото мнозинство.
Пратениците во Собранието со мнозинство гласови го усвоија Законот за извршување.
Заменик министерката за правда Билјана Бришкоска-Бошковски на вчерашната седница истакна дека Законот за извршување е донесен 2006 година и оти претставува едно од најреволуционерните решенија во правосудниот систем во Република Македонија. Извршителите, информира, за последните години имаат добиено над 900 илјади предмети, при што само од предметите кои се однесуваат на наплата на парични побарувања се наплатени над 830 милиони евра, кои повторно се внесени во правниот промет на земјата и се ефектуираат на целокупното стопанство.
- Следењето на динамиката на извршување покажува дека 54 проценти од извршните предмети завршуваат во рок од три месеци, 10 проценти во рок до шест месеци, 11 проценти до една година, а остатокот над една година. Ова покажува дека воспоставениот систем на извршување овозможува брза реализација на извршните исправи, доколку должникот има средства и оти целосно е надминат проблемот со екстремно бавната реализација на извршните предмети, појасни Бришкоска Бошковски.
Според неа, се предлага и донесување на целосно нов закон за извршување во насока на прецизирање на законските одредби во делот на постапувањето на извршителите при спроведувањето на извршувањето, надминувањето на различните постапувања од страна на извршителите, како и пропишување јасни законски одредби за ефикасно спроведување на извршвуањето.
Претседателот на Собранието на РМ, Трајко Вељаноски за утре во 13 часот најави продолжување со 98.седница.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Се руши тобакото „Али Тобако“ кај Бит Пазар
-

Хорор во Ченто: 14-годишно момче избодено седум пати со нож и претепано до бессознание
-

Џеко: Заминуваме од СП со кренати глави
-

Приведени 4 лица, при претрес пронајдени се 8 пушки
-

Кривични пријави за родителите и за двете малолетнички кои тепаа 12-годишно девојче во скопски Аеродром
-

ДЗР констатирал слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година
-

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател
-

Двајца мртви и повеќе од 30 повредени во пожарот во германската болница
