Собранието ги донесе измените на Законот за медиуми и Законот за игри на среќа
Собранието на Република Северна Македонија денеска на продолжението на 145 и 148 седница ги донесе измените на Законот за медиуми и Законот за игри на среќа и забавни игри.
Во рамки на 148 седница, пратениците го изгласаа и Предлог-законот за дополнување на Законот за научно-истражувачка дејност.
Претходно, на 140-та, 138-та и 135-та седница кои, исто така, се одржаа денеска, беа донесени повеќе закони меѓу кои Законот за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на Проектот за регионална гасификација, кој ќе се склучи меѓу Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост и Европската банка за обнова и развој, законите за рибарство и аквакултура и за платежни услуги и патни системи.
Во прво читање ги донесоа законите за помилување, за измените и дополнувањата на Законот за народниот правобранител, а изгласани беа и Финансискиот план за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија и Одлуката за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2024 година.
Ново на Сител
-

Судење за „Пулс“
-

Обдукцијата покажа дека и двете жени од Старо Нагоричане починале од насилна смрт
-

Обвинителите бараат политичарите да не ги коментираат одлуките на Обвинителството
-

Рокас охрабрен од динамиката на реформите за борба против корупцијата
-

Пропадна предлогот за минималец од 600 евра, функционерските плати ќе останат исти
-

Уставен пресече - пензиите на пензионерите во странство не може да растат како оние на македонските пензионери
-

Од 1 март плаќање онлајн само со двојна верификација
-

„Нет без хејт“
