Собранието донесе повеќе закони од различни области

Пратениците денеска во рамки на 26. собраниска седница разгледа повеќе предлог-закони во второ читање. Собранието со 61 глас „за“, без ниту еден против и без воздржани ги донесе Предлог-законот за изменување на Законот за приватно обезбедување, Предлог-законот за изменување на Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, Предлог-законот за изменување на Законот за личното име, како и измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија и на Законот за комуналните дејности.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски пред усвојувањето на дневниот ред на седницата соопшти дека скоро на секоја седница, барем половина од точките се по скратена постапка. Посочи дека продолжува истата практика или, како што рече, Владата да се крие зад вас колегите пратеници. Дополнително, како што рече, „европското знаменце“ продолжувате да го ставате секаде каде што мислите дека ќе има проблем со одредени закони.
Тој соопшти дека на денешната седница на дневниот ред има четири точки, предлог-законите за рамномерен регионален развој, за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, за Агенцијата за разузнавање и за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци, сите во прво читање. Мицевски посочи дека овие законски решенија не се разгледани од матичните тела и од Законодавно-правната комисија и побара да бидат тргнати од дневниот ред на денешната седница.
Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека законите се доставени на време за да можат да бидат разгледани. По однос на ставањето на дневен ред, Џафери рече дека Деловникот дава надлежност претседателот на Собранието да може и во пократок рок од 10 дена да свика седница и да предложи дневен ред. Во тој контекст, како што рече, немаме спор.
Предлогот на Мицевски за четирите точки да бидат симнати од дневен ред, беше ставен на гласање, но не доби поддршка од пратениците. Против гласаа 61 пратеници, а само еден глас „за“.
Во тек е расправата за Дополнетиот предлог на буџет на Република Македонија за 2021 година, во второ читање.
На дневен ред на оваа седница се повеќе точки по скратена постапка.
Ново на Сител
-

Иран го нападна Тел Авив со ракети со касетна муниција, погодени и објекти во Хаифа
-

ЈУНП „Пелистер“ постави 40 мониторинг камери во националниот парк „Пелистер“
-

Од 10 април започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ
-

ЈП Водовод: Земените примероци од водата за пиење во Скопје ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет
-

Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-

Астронаутите на „Артемис 2“ стигнаа до сферата на гравитациско влијание на Месечината
-

Протест на студентите за полагање правосуден испит на албански јазик
-

Претседателот на иранскиот парламент го обвини Трамп дека „слепо ги следи наредбите“ на Нетанјаху
