Собранието без расправа донесе повеќе закони
Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 64. седница без расправа ги донесе измените и дополнувањата на Законот за личната карта, дополнувањето на Законот за личното име, измените и дополнувањата на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија и на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, сите по скратена постапка.
Парламентот продолжи со работа по 63. седница и без расправа ги донесе измените и дополнувањата на Царинскиот закон, на Законот за даноците на имот, на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, на Законот за хартии од вредност, на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, на Законот за даночна постапка, на Законот за комуналните такси, по скратена постапка.
Без расправа беа усвоени и измените на Законот за акцизите и на Законот за регистрирање на готовински плаќања, измените и дополнувањата на Законот за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост, на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), на Законот за сметководството за непрофитните организации, на Законот за вршење на сметководствени работи, на Законот за државната ревизија, по скратена постапка.
На денешната седница, без расправа беа донесени голем дел од сетот закони поднесени од Владата по скратена постапка од областа на економијата, финансиите, правдата, земјоделството, културата...
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп денеска ќе се сретнат во Њујорк
-
Спасени белгиски планинари кај Дебар, биле нападнати од овчарски кучиња и бегајќи се качиле на телефонски столб
-
Муцунски од Њујорк: Стратешкиот дијалог со САД предвидува низа мерки за унапредување на меѓусебните односи
-
Без вода улици во скопската населба Крњево
-
Кикбоксерите со две бронзи од Европското првенство во Италија
-
Пожар во Козле, изгореа куќа и помошна просторија
-
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз не е закажана, ЈСП има нафта доволна за денеска
-
Активни три, под контрола четири пожари