Собрани 27.909.130 денари за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија
Од Црвен крст на РСМ денеска соопштија дека преку нивните донаторски линии и од Фондот за солидарност заклучно со вчера се собрани вкупно 27.909.130 денари за помош за лицата кои настрадаа во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
- Сите заинтересирани правни субјекти и граѓани можат да донираат парична помош на: сметката на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за населението во Турција и Сирија, како и да се донираат 100 денари со повик на телефонските броеви 143 400 на Македонски Телеком и А1.
Правините субјекти и физичките лица освен финансиска помош можат да донираат и материјални добра согласно приложената листа на потреби за помош на настраданото население, упатена од страна на Турската држава и Турската Црвена полумесечина, која вклучува зимски семејни шатори, ќебиња, греалки на струја/плин, церада (постилка за на земја), церада (зимска), вреќи за спиење, столици на расклопување (се претвора во кревет), креветчиња на расклопување, фенер на соларно напојување, кујнски сетови, како и храна и средства за хигиена ( според стандардите за хуманитарна помош.
Од Црвен крст напоменаа дека задолжително треба сите донирани артикли да бидат нови.
Ново на Сител
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
-

Сведок во Онкологија: Преку пријатели добивавме терапија од Нино Васев
-

Последни заклучоци пред новата стратегија за образование да биде спакувана во финален документ
-

Речиси сите средношколци носат нож и боксирач во ранец за самоодбрана
-

Преглед на вестите од светот
-

Орце Ѓорѓиевски и официјално победи на изборите во Скопје
-

Мицкоски: Да го сменевме уставот се ќе беше одлично
-

Јаневска: Новата стратегија за образование ќе ги подобри резултатите на учениците на ПИСА и ТИМСС
