-->
-->
Собрани 26 единици крв на првата крводарителска акција во Ранковце годинава
-->
На крводарителската акција која се одржа денесka во село Петралица, општина Ранковце, собрани се дваесет и шест единици крв.
Ова е прва акција годинава во организација на Црвен крст на Република Македонија, општинска организација Крива Паланка.
– Акцијата се одржа во соработка со ловечко друштво „Славишко Поле“ во просториите на друштвото во село Петралица, и одзивот на граѓаните е на задоволително ниво со оглед на лошите временски услови, ниските температури и до неколку степени под нулата.На денешната акција крв даруваа жители од цела општина Ранковце,од повеќе села, а истата се одржа во периодот од десет до петнаесет часот, информира Дарко Пешовски, секретар на Општинската организација на Црвен крст, Крива Паланка.
Крводарителските акции на територијата на општините Крива Паланка и Ранковце се спроведуваат во соработка со Институтот за трансфузиона медицина-Скопје.
– Нашите сограѓани се хумани, тоа го потврдуваат редовно, вбројувајќи ја Кривопаланечката општинска организација во една од најуспешните по реализација на годишните планови за крводарителство повеќе години наназад. Така беше и во 2018 година, кога на вкупно деветнаесет акции одржани во двете општини собрани се 861 крвна кеса,од предвидените 711, со што е натфрлен годишниот план за 21 отсто, додаде Пешовски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено