Соботка: Турција мора да ги исполни условите за да и се укинат визите

Чешка ќе настојува пред да добие визна либерализација, Турција да ги исполни условите, како што беше договорено со земјите на Европската унија во врска со мигрантското прашање, изјави денеска чешкиот премиер Бохуслав Соботка одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.
Истовремено, како што јави дописникот на МИА од Прага, Соботка повтори дека Турција, според него, сега се одалечува од тој договор и ја нарече „проблематична земја“.
- Чешка може да изрази несогласување и има можност да побара потребни информации во случај да постои сомневање дека условите навистина се исполнети, додаде Соботка, нагласувајќи дека Договорот на ЕУ со Турвија водел кон ограничување на миграцијата од земјата во Европа.
Тој додаде дека додека лани во август турско-грчката граница ја минаа над 100.000 луѓе, годинава тоа го сториле 2.800 лица.
Соботка објасни дека договорот бил потребен и делувал превентивно, бидејќи не функционирал стандардниот процес за враќање на мигрантите, кои немаат право на азил. враќање.
Ново на Сител
-

Најмалку петмина повредени откако трамвај излета од шини и удри во зграда во Белград
-

Љутков од Рим: Чествувањето на светите браќа Кирил и Методиј е духовен мост и светилник што со векови го чува пламенот на словото
-

Вучиќ: Моја оставка, па избори
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
-

Трамп: Поморската блокада во Ормуска Теснина останува до потпишување договор
-

Над 900 сомнителни случаи на ебола регистрирани во ДР Конго
-

Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“
-

Пад на интересот за студирање во Србија, најавено и зголемена школарина од идната студентска година
