Соботка: Против лудите фанатици потребна е бескомпромисна борба
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка доцна синоќа, по објавувањето дека во терористичкиот напад во Берлин меѓу дванаесетте жртви е и една Чехинка испрати соопштение во кое побара „тврда борба против радикалите", јави дописникот на МИА од Прага.
Веста за смртта на чешката граѓанка била потврдена од дипломатската служба во Берлин.
- Мораме сериозно да ја зајакнеме нашата безбедност и да почнеме бескомпромисна борба против лудите фанатици, вели Соботка во соопштението.
Според него, Европа треба повеќе од кога било да биде единствена силна и строго да се заштитат надворешните граници на Унијата, да се запре нелегалната миграција и со сите достапни средства да се стопира ширењето на радикалната исламистичка верска омраза внатре во Европа.
Изразувајќи сочувство кон семејството на загинатата чешка граѓанка, Соботка ги осуди варварските терористички акти кои имаат цел да сеат страв во Европа оценувајќи дека тие се „напад на слободата, културниот идентитет и демократските вредности".
Во Берлин на 19 декември, камион удри во толпа луѓе на Божикниот пазар, при што 12 луѓе загинаа, а неколку десетици се повредени. Полицијата се уште трага по осомничениот.
Во Чешка, непосредно по берлинскиот напад превентивно се зајакнати безбедносните мерки посебно на местата каде има поголема фреквенција на луѓе.
Ново на Сител
-
Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
-
Герасимовски: Нема да бидам дел од раководство на СДСМ, останувам посветен во општината
-
Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот
-
Педесет и пет години постоење на Одделот за воздухопловни единици при МВР: Службата врши и хуманитарни мисии
-
Татко и син со мотор се судриле со „пасат“ на Ленинова
-
Верстапен: Немам цел да ги бркам Шумахер и Хамилтон, но ако се пружи шанса ќе атакувам на нивните седум титули
-
Две лица со оружје ограбиле казино во Илинден
-
Европратениците ја одобрија новата Европска комисија