Соботка: ЕУ треба да се заложи за ослободување на Надежда Савченко
Чешкиот премиер Бохуслав Соботка изјави дека на следниот самит на ЕУ ќе се залага за тоа лидерите на европските членки да поддржат ослободување на украинската пилотка Надја Савченко која од 2014 година се наоѓа во руски затвор.
Мнозинството од чешкиот Сенат, кое исто така го поддржува барањето, укажа на тоа дека „Руската федерација има обврска да ја ослободи украинската пратеничка Савченко врз основа на пакетот мерки за спроведување на Договорот од Минск, во кој таа се обврза кон ослободување на сите заложници и задржани лица поврзани со конфликтот во источна Украина".
Савченко е обвинета за убиство и преминување на руската граница и и се заканува затворска казна од 23 години.
Савченко која изјавува дека е невина, минатата недела штрајкуваше со глад.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Истече рокот за приговор до ДИК
-
Претседателска кампања 2024
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-
Течат последните часови од рокот за приговор - ДИК ќе чека до 19 часот
-
И Мицкоски и Ковачевски во поход за поддршка од помалите партии
-
Изборна кампања
-
Ценовен шок за возачите: Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата