Соботка: Брисел мора да врши притисок врз Турција да ги исполнува договорите со ЕУ
Европската комисија мора да изврши притисок врз Турција да ги исполнува договорите меѓу неа и ЕУ во врска со миграцијата, изјави чешкиот премиер Бохуслав Соботка по состанокот со шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини денеска во Прага.
Како што јави дописникот на МИА од чешкиот главен град, Соботка потсети дека ветувањето на ЕУ за обезбедување на финансиска помош на Анкара чека на исполнување на дел од договорот на Турција кој се однесуваше на ублажување на бранот на бегалците.
- Секако дека е многу поедноставно да се спречи, чамците на шверцерите со бегалците да отпловуваат од Турција. Многу е полошо да се задржат тие чамци во моментот кога испловуваат, рече Соботка додавајќи дека Турција има средства со кои може да го регулира миграцискиот бран и Европската унија треба да настојува на тоа.
Со високата претставничка на ЕУ, Соботка се согласи дека доколку Европа треба да ги совлада сите кризи, како миграциската или борбата со тероризмот, потребна и е појака надворешна и безбедносна политика.
Тој, подвлече дека Чешка има интерес да го исполни проектот за заедничка европска погранична стража.
Ново на Сител
-
Муцунски: Во Њујорк ги користиме можностите за афирмација на нашите позиции
-
Сиљановска - Давкова: Гутереш изрази целосна поддршка и солидарност со нас
-
Трамп е убеден дека беше саботиран во ОН, бара итна истрага
-
Променливо облачно, попладне дожд и грмежи
-
Најмалку 84 загинати во денешните израелски напади во Газа, соопштија палестински лекари
-
Алиу: Нема да даваме делумни информации за „кардиолошките случаи“, ќе ги соопштиме резултатите по целосното завршување на експертизата
-
Со повреда влегов во ринг - со вера ја освоив светската титула | Бобан Илиоски | Sitel Podcast 115
-
Писториус: Руски авион прелета над германска фрегата во Балтикот