Соборен дрон во Москва, оштетена зграда | ВИДЕО

Делови од украинско беспилотно летало паднале врз московскиот Експо Центар по акцијата на противвоздушната одбрана. Експо центарот се наоѓа на околу пет километри од Кремљ.
Урнатините не предизвикале пожар и според досегашните податоци нема повредени. Меѓутоа, како резултат на овој напад, сообраќајот на цивилните аеродроми во Москва беше накратко прекинат, а седум летови беа пренасочени.
https://
„Околу четири часот по московско време, режимот на Киев изврши уште еден терористички напад користејќи беспилотно летало врз објекти лоцирани во Москва и во Московската област“, соопшти руското Министерство за одбрана.
Скај њуз јавува дека е соборен дрон над центарот на Москва и дека силна експлозија се слушнала во близина на деловниот кварт на руската престолнина.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Започна изградбата на катна гаража, а се реализираат и други проекти за охриѓани
-

Мицкоски: Има напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации
-

Околу 14.000 патници поминале преку ГП „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа
-

Претставен новиот „Адидас“ дрес на македонската фудбалска репрезентација
-

Нафтата повторно поскапува: „брент“ скокна за 50 отсто по кризата во Ормуска Теснина
-

Приведени седум лица за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје
-

Анализа: Платите на директорите на најголемите фирми во светот лани растеле 20 пати побрзо од платите на работниците
-

Претрес во скопско, пронајдена дрога, приведено едно лице | ФОТО
