Собјанин: Руските противвоздушни сили соборија четири дрона во регионот на Москва
Руските сили за противоздушна одбрана одбија напад од четири беспилотни летала во московскиот регион, пренесоа британските медиуми, цитирајќи го градоначалникот на главниот град Сергеј Собјанин.
Според првичните податоци во овој напад нема повредени. Три од беспилотните летала се соборени на периферијата на Москва, а едно во западниот дел на градот.
„Службите за итни случаи работат на местото каде паднале остатоци“, наведе Собјанин на платформата Телеграм.
Градоначалникот не ја спомна Украина, но од руската инвазија која започна пред повеќе од три години, Киев врши постојани напади со беспилотни летала против Русија, од кои повеќето се насочени кон енергетски објекти, потсетуваат британските медиуми.
Гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов, објави дека три од беспилотните летала биле соборени во областите под негова управа во Московската област.
„Урнатините паднаа на градилиште и на станбена зграда во изградба“, додаде Воробјов, истакнувајќи дека нема извештаи за жртви.
Еден од дроновите оштетил покрив на станбена зграда во западниот дел на Москва, јавија руските државни медиуми, повикувајќи се на првични информации од службите за итни случаи.
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз