Собирање кабаст отпад во Општина Кисела Вода
Во Општина Кисела Вода утре и задутре ќе продолжи минатонеделната акција за собирање кабаст отпад.
Акцијата ја спроведува ЈП „Комунална Хигиена Скопје” во соработка со Општината, а идните два дена предвидува собирање кабаст отпад и градежен шут оделно, по урбани и месни заедници.
Согласно планот, утре од 7 до 11 часот ќе се собира во урбаните заедници Цветан Димов, Бирарија, Црниче и Пржино, 11-ти Октомври згради, како и во месната заедница Припор, додека во сабота во истото време во Кисела Вода, Расадник, 11-ти Октомври бараки, Пинтија, Бобан Трпков - населба Драчево, село Драчево и Усје и Градинар.
Кабаст отпад е секаков вид домашен отпад (мебел, бела техника, електронски отпад, опрема – делови за бања и купатило) освен градежен шут, гранки и комунален смет, додека под градежен шут, покрај инертниот отпа, се подразбира и отпадот од градежна столарија (врати, прозорци), санитарна керамика, како и градинарски отпад.
Од ЈП „Комунална Хигиена Скопје” апелираат граѓаните отпадот да го одложуваат во точно предвидените термини пред своите домови, колективните згради на пошироките улици, на пристапно место за возилата и на начин што нема да го попречува движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот.
Подетални информации за акцијата можат да се добијат на бесплатниот телефон на „Комунална Хигиена Скопје”, 0800 222 33.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер