Собата за индивидуален дефектолошки третман на децата со посебни потреби во Гевгелија дава видливи резултати

Собата за индивидуален дефектолошки третман на децата со посебни потреби, која се наоѓа во детската градинка „Цветови“ во Гевгелија, по петмесечно работење даде видливи резултати во напредокот на децата со увојување на потребните вештини, вели дефектологот Благородна Опрова, која моментно работи со осум деца на возраст од три до 13 години.
- Во оваа окупациона соба се работи индивидуално со секое дете, три пати во неделата затоа што децата се со различни наоди. Работиме на неколку подрачја преку стекнување вештини од практичен живот, сензорен развој, телесно-моторни активности, базични математички и јазични вештини и базични конгнитивни способности, изјави Опрова.
Со сите потребни реквизити собата беше опремена од Фондацијата „Аполонија“ и Националната алијанса на лица со посебни потреби во рамки на проектот „Дејвид Ван Дер Веге“, но по кратко време од нејзиното работење се наметна потреба за отворање соби за други потреби или еден вид центар за сеопфатен третман во кој ќе бидат вклучени повеќе деца на кои им е неопходна помош.
Од фондацијата „Аполонија“ денеска соопштија дека во таа насока заедно со Националната алијанса, приватни установи и невладини организации, почнаа активности за проширување на проектот и негова финансиска одржливост.
Ново на Сител
-

Орце Ѓорѓиевски ја презеде функцијата, вечерва стартува чистењето на Скопје
-

Владина реконструкција по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ – Нема место плус за ВРЕДИ
-

Средба Мицкоски - Рокас во Влада
-

Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на железнички меѓуграничен тунел
-

ИЈЗ: За една недела пријавени 94 случаи со грип
-

Сведок во Онкологија: Преку пријатели добивавме терапија од Нино Васев
-

Последни заклучоци пред новата стратегија за образование да биде спакувана во финален документ
-

Речиси сите средношколци носат нож и боксирач во ранец за самоодбрана
