Со уредба продолжен рокот во кој ќе се менуваат договорните услови на кредитите за 90 дена по вонредната состојба
Се продолжува рокот во кој банките и штедилниците можат да ги променат договорните услови на кредитните изложености на правните и физичките лица за 90 дена по престанок на траењето на вонредната сотојба. Ова го предвидува измената на Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорните услови на кредитни исложености кај банките и штедилниците што ги донесе Владата вчера на седница.
Како што информира владината прес-служба, донесена е и Уредба со законска сила за изменување на Уредбата за примена на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити за време на вонредна состојба, со која се овозможува и во наредните 90 дена висината на трошоците кои не се вклучени во пресметката на годишната стапка на вкупни трошоци, да не надминува 30 проценти од износот на одобрениот кредит.
Владата донесене измена на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со која се продолжува рокот за исполнување на обврската за поднесување гаранција за обезбедување на плаќањето на акцизниот долг кој може да настане за акцизните добра кои се наоѓаат во постапка на акцизно одложување. Како што појаснуваат приватните здравствени установи, аптеките и производителите на лекови, помошни лековити средства и средства за дезинфекција кои се иматели на одобрение за повластен корисник, треба да поднесат гаранција заклучно со 31 декември 2020 година, како дополнителна олеснителна мерка во услови на ширење на коронавирусот КОВИД-19.
На вчерашната седница донесено е дополнување на Уредбата со законска сила за примена на одредбите од Законот за минерални суровини, со која се уредуваат причините и постапката за времено запирање на вршењето на експлоатацијата на доделени концесии за експлоатација на неметалични минерални суровини од страна на концедентот во случај кога вршењето на експлоатацијата го нарушува здравјето на населението.
Ново на Сител
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица
-
21-годишна албанка излетала од патот со автомобил близу Битола, тешко повредени сопатниците
-
Кипар под црвен метео аларм: Температури до 45 степени, забрана за работа на отворено
-
Тешко повреден параглајдерист во Крушево се пренесува со полициски хеликоптер во Скопје
-
Кривична против 14-годишник од Куманово, извршил шест тешки кражби во приватни имоти
-
Жена од Гостивар физички го нападнала своето 4-годишно дете
-
Дмитриев: За постигнување мир во светот мораме да ги исправие грешките на Бајден