Со указ на Путин, Русија станува сопственик на украинската нуклеарка Запорожје
Рускиот претседател Владимир Путин со указ објавен денеска нареди преземање на украинската нуклеарна централа Запорожје и впишување во сопствеништво на Руската Федерација.
Најголемата централа во Украина со месеци е под окупација на руската војска, а украинската настојува да ја поттисне.
„Владата на Руската Федерација треба да обезбеди нуклеарниот објект на нуклеарната централа Запорожје и друг имот неопходен за спроведување на нејзините активности, да бидат примени во федералното сопствеништво“, се наведува во указот, јави руската новинска агенција Тасс.
Указот доаѓа во време кога шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси информираше дека тргнува во посета на Украина, а потоа и на Русија, со цел да разговара за воспоставување заштитна зона околу нуклеарната централа Запорожје.
„На пат сум кон Киев поради важни состаноци. Потребата за заштитна зона околу централата е поитна од кога било“, напиша Гроси на Твитер, додека Русија формално го присвои објектот.
Ново на Сител
-

Одбележување на Велигден во Католичката црква и низ светот
-

На 1 септември стартува првата линија “Градски воз” од Зелениково до Транспортен центар
-

Компанија во Прилеп добивала тендери од поставување видео надзор
-

Аутизмот без систем, родителите оставени сами
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
