-->
-->
Со три гола Ибраими и донесе победа на Шкендија
-->
Бесарт Ибраими со три гола и донесе победа на Шкеднија во дуелот против финскиот тим ХЈК.
Во првиот меч од второто квалификациско коло за Лига Европа одигран попладнево во Струмица, екипата на Шкендија славеше победа од 3:1 над ХЈК Хелсинки.
Првата посериозна можност ја имаа тетовци и тоа во 27.минута преку Ибраими кој со удар од далечина се обиде да го изненади гостинскиот голман, но резултатот остана непроменет.
Затоа пак, само осум минути подоцна гостите од Минск поведоа со 1:0, и тоа благодарение на заспаноста на одбраната на Шкендија, која ја искористи интернационалецот од Гамбија, Усман Јалоу.
Примениот гол како да ги разбуди фудбалерите на Шкендија кои го забрзаа темпото, па како резултат на таквата игра дојде израмнувањето во 45.минута откако Бесарт Ибраими ја искористи најстрогата казна и со гол од пенал го израмни резултатот.
Пресвртот Ибраими го најави со својот втор гол во 59-минута, за водство од 2-1.
Комплетирањето на хет-трикот на македонскиот репрезентативец стигна само пет минути подоцна, кога по вторпат ја затресе мрежата на Хелсинки повторно од пенал.
Победата од 3-1 е одлична предност за тетовската екипа пред реваншот во Финска, кој се игра за една недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
-
Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група
-
Прегазено 3-годишно дете во Нови Пазар
-
Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица
-
Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар