Со сведочење на Горан Трајковски и Мухамед Зеќири продолжи судењето за „Софтвери“
Во Основниот Кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Софтвери“, во кој првообвинет е поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
На денешното рочиште сведочеа Горан Трајковски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита на лични податоци и Мухамед Зеќири, поранешен секретар на Владата на Република Северна Македонија.
Дирекцијата за заштита на личните податоци (ДЗЛП), според сведочењето на Трајковски, како што објави „360“ Степени, пратила укажување до Генералниот секретаријат на Владата, кога на функцијата бил Драги Рашковски, за да се внимава да не се прекрши Законот за заштита на лични податоци пред набавката на софтверот за биометриска идентификација.
– Во редовните активности на Дирекцијата, со цел превентивно дејствување во делот на заштита на личните податоци, службите редовно ги следат сите јавни огласи и во сите каде што има акцент за личните податоци Дирекцијата издава известувања и укажувања во кои наведува органот да води посебна сметка со цел да не дојде до колизија со Законот за заштита на личните податоци, рече Трајковски, додавајќи дека такво укажување било испратено и кога се објавил тендерот за јавна набавка на софтверот.
Покрај набавката на софтверот за биометриска идентификација Рашковски се товари и за нелегална набавка на софтвер за сообраќајни прекршоци како и исплата на хонорари.
Мухамед Зеќири, поранешниот генерален секретар на Владата, денеска во судница од позиција на сведок рече дека при примопредавање на функцијата не бил запознаен со двата софтвери – за сообраќајни прекршоци и за биометриска идентификација, за кои се води судски процес во кој токму Рашковски е првообвинет.
Прашан дали е точно дека како Генерален секретаријат имале право самостојно да ги носат одлуките за потребите за реализација на јавни набавки и дали е точно дека не им била потребна одлука на Владата, Зеќири, како што објави „360“, одговорил потврдно.
Рашковски е обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „перење пари и други приноси од казниво дело”. Во истиот случај се обвинети и Ивица Димитровски, Игор Христов, Даниел Станчев, Ирена Ивановска, Игор Ивановски и Маја Силјановска за „злоупотреба на службената положба и овластување”.
Ново на Сител
-
59 годишник допирал по тело малолетник во парк во Чаир
-
Зајакнување на оперативната соработка и заедничко профилирање на ризици со Царината на Турција
-
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре во официјална посета на земјава
-
Кисела Вода со целодневна програма го одбележува својот патронат-Ѓурѓовден
-
„Мет-гала“: Ријана третпат бремена
-
Герасимовски: Доделуваме 10 илјади денари за возачки испит на младите, безбедноста во сообраќајот е најважна
-
Мерц за шест гласа не успеа да биде избран за канцелар во првиот круг гласање
-
Арсенал заинтересиран за трансфер на Родриго