Со свечена академија одбележан Денот на општина Велес

Со свечена академија и доделување награди во велешкиот Народен театар синоќа беше одбележан Денот на општина Велес - 9.Ноември и 73 години од ослободувањето на Велес
Велешкиот градоначалник Аце Коцевски потсети дека на 9 ноември во 1944 година борците на партизанските одреди „Димитар Влахов“ и „Трајче Петкановски“ и од 8.Велешка народноослободителна бригада го ослободиле Велес.
- Тие му ставиле крај на четиригодишниот кошмар и го оствариле сонот на Гемиџиите, на Илинденците на знајните и незнајните јунаци, сонот за слобода и своја држава.Тие ја жртвувале својата младост и својот живот да ни ја донесат слободата. Македонската држава е нивно дело, а не вештачка Коминтеровска или Титова творба. Дело вградено со илјадници жртви на партизаните, и цивилното население затоа голема благодарност им упатувам на сите покојни и живи партизани учесници во Народнослободителната и антифашистичката борба,за нивната храброст, патриотизмот и за прогресивноста затоа што застанале на вистинската страна на Антифашистичката коалиција рече Коцевски.
Велес, истакна, го има тоа што го немаат многу градови, а тоа е културна разновидност и како што рече планира повторно да биде економски најразвиена општина во државата. Најави реализација на низа проекти како изградба на колекторски систем, пречистителна станица за прочистување отпадните фекални води, фабрика за третман на цврстиот комунален отпад, младински креативен центар и кино во зградата каде што е сега библиотеката, нов плоштад, нови паркинзи,....
Наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2017 година беше доделена на академик Катица Ќулафкова и д-р Данчо Марковски, спомен плакати и благодарници добија институции, фирми, здруженија и поединци за придонес во развој и афирмација на општината во различни области.
Ново на Сител
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
