Со Струмица почна 53. меѓународна ликовна колонија

Во Струмица почна 53-та меѓународна струмичка ликовна колонија на која ќе учествуваат автори од пет држави. Ликовната колонија ќе трае 12 дена, а авторите не се тематски ограничени, посочи синоќа на свеченото отворање, Александар Филев од организацискиот одбор.
- Во Македонија постојат многу ликовни колонии, но струмичката ликовна колонија се разликува по многу работи. Тука има голема традиција, 53 години минувале уметници низ колонијата која има своја душа. Авторите оставиле многу бројни дела кои и ден денеска живеат. Струмичката ликовна колонија нуди многу можности, покрај сликарството, вајарството, графиката и мозаикот кој веќе 23 години работи во посебно студио и досега се создадени преку 70 мозаици. Ние сме единствена колонија во Македонија во која се негува оваа ликовна дисциплина, појасни Филев.
Делата создадени на ликовната колонија традиционално ќе бидат претставени на изложбата што традиционално се одржува на 11. септември - Денот на ослободувањето на Струмица. Во рамки на меѓународната струмичка колонија беше отворена изложбата „Трње“ на уметникот Марјан Ѕин.
На ликовната колонија ќе творат ликовните уметници Кшистоф Бартник и Клаудија Јаворска, од Полска, Марија Алексиќ од Србија, Елена Березинаја од Русија, Бети Јовановска и Андријана Мациев од Македонија, Тодор Тодоров од Бугарија, Тодор Јованоски од Србија, Милош Стаменковиќ од Македонија, Катерина Таневска од Македонија, Новица Трајковски од Македонија, Глигор Васков од Македонија, Бошкилов од Бугарија, Васе Алачев од Македонија, Александар Филев од Македонија, Марјан Ѕингаров од Македонија, Армин Линд од Германија, Гоце Божурски од Македонија, Ѓорги Томоски од Македонија и Газафен Бајрам од Македонија.
Ново на Сител
-

На дуелот со Данска на Европското првенство судии од Молдавија
-

Мирослав Попоски патува на 30-то големо натпреварување да ја бодри Македонија | ВИДЕО
-

Велешката полиција фати крадец на пари и златни предмети кои ги заложил
-

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони и за укинување на техничката влада
-

17 години затвор за убиецот на турскиот државјанин во Штип
-

Судиите на 29 јануари ќе избираат член на Судскиот совет од редот на судиите од немнозинските заедници
-

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција
-

80-годишен дедо фатен со 16 пакетчиња кокаин во Сплит, на полицајците рекол „Тоа е за здравје, се препородив“
