Со спојување на државната и приватната здравствена експертиза до подобро лекување на пациентите
Планираме да формираме заеднички тимови за срце, отропедија, неврохируругија…, за која било специјалност во која во приватните болници работат експерти кои порано работеа во државното здравство. Тие експерти сега веќе не се веќе достапни за сите, туку само за тие кои можат да платат, тоа сакаме да го смениме, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Посочи дека целта на моделот е да се тргнат јасните бариери меѓу приватното и државното здравство, да можат да ги обезбедат тие добри услови за граѓаните сега во момент кога инфруструктурно не можат да се одговорат.
– Видете го процентот од граѓаните кои плаќаат пари за да стигнат до приватните болници, дел се заради експертите, но добар дел е заради условите и инфраструктурата. Ова е можност докторите да останат во нашата земја. Видете каков егзодус се случува во сите земји во регионот. Ваквиот начин на соработка дополнително ги стимулира и ќе останат во нашата земја, заради тоа што им даваме добри услови за работа и можност за напредок и сето тоа дава добри резултати во лекувањето, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
Овој начин на соработка, тоа што на иста маса ги ставаме државните и приватните институции, појасни, ќе биде модел со кој ќе ги споредуваме и дискутираме резултатите.
– Планираме да направиме заеднички хард тим меѓу сите кардиолошки и кардиохирушки институции во нашата земја, клиниките за кардиологија и кардиохирургија, болницата „Жан Митрев“ и болницата „Систина“ каде се прават адултни кардиохирушки интервенции, да видиме кој каква патологија работи во рамки на своите буџети, да видиме кој за што е експерт, да се разменат искуствата за тој систем, да го канализираме и да имаме точен увид во резултатите, работењето и компликациите…со цел поквалитетна услуга за граѓаните, додаде Филипче.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет