Со скандалот „Ла Верита“ Филипче докажа дека бил во трка по провизии, а не по вакцини, вели Милошоски
Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието во своето гостување во радио Лидер зборуваше за целата ситуација поврзана со скандалозната набавка на вакцини и во своето гостување направи споредба како функционира Владата во Македонија, а како во Србија.
-Овде имаме две паралели Вучиќ и Владата на Србија која што покажуваат како во криза треба да се однесува една држава и имаме друг пример владата во Македонија, министерот Филипче и премиерот Заев, една влада која што покажува како една влада не треба да се постапува во една ваква криза. За разлика од нас, Србија која навремено набавува вакцини помага дури и во регионот, даде одредена помош и за Македонија. Владата во Македонија ако се сеќавате уште од декември, па до ден денес само лицитира со датумот дека вакцините само што не стигнале. Ние имавме изјави каде Заев кажува дека вакцините ќе стигнат во јануари, потоа изјава на Филипче кој кажа дека до крајот на февруари добиваме Фајзер вакцини, потоа повторно имавме изјава од Заев кој што кажа дека последна кинеска нова година добиваме кинески вакцини. Додека Заев тврдеше дека тој нема намера да набавува вакцини од истокот мислејќи на кинеските и руските со едно смешно образложение за геополитика во вакви здравствени пандемични услови во истиот момент Заев и Филипче испраќале писма до оваа фантом фирма во Хонг Конг за која што уште еднаш апелирам до ЈО да ги истражи сите предмети и сите писма на министерството за здравство со фирмата во Хонг Конг, рече Милошоски.
Пратеникот Милошоски во своето гостување во врска со целиот скандал со набавката на вакцини преку фантом фирма посочи дека со ова се докажа дека Филипче бил во трка по провизии, а не во трка да набави вакцини.
-Вие не можете фирма само туку така да ја ставите во писмо, вие мора да сте сретнале некого, морале да сте виделе некого. Министерот Филипче сигурно имал средба со некој од оваа фантом фирма и сигурно имал некој преддоговор. Оваа фирма според јавно достапни информации има само тројца вработени, регистрирана била во Самоа 2007 година, била дел од аферата Панама Пејперс и потоа се префрлаа 2017 година во септември во Хонг Конг. Се гледа дека се работи за фирма преку која само поминуваат некои трансакции.
Може да згреши обичен човек, може да згреши некое вчера основа трговско друштво кое нема искуство, не може да згреши држава, вие го знаете начинот на кој Србија набавиле вакцини, Грција, Полска и ред други држави, вие не можете да кажете дека сте згрешиле. Ако е вистина она кое го тврди Филипче дека тие згрешиле во патот на набавка на вакцини, тоа е доволна причина за негова оставка. Сето тоа би не чинело многу милиони, но и колку животи и економска штета Македонија ја чини ова грешка што од декември до средината на март државата си игра трка по провизии, наместо трка по вакцини, а во меѓувреме имаме вакви штети, додаде Милошоски.
Ново на Сител
-
МП: Венецијанската комисија даде позитивно мислење за предлог законите за јавно обвинителство и за Советот на јавните обвинители
-
ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори
-
Коцевски со писмо до комората бара адвокатите да не го злоупотребуваат предметот Пулс
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“
-
Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот
-
Од вторник температури над просекот за овој период од годината